ДНЕВЕН ПРЕСТОЈ
Дом за стари лица Резиденција Дабески нуди флексибилни услуги прилагодени на потребите на секое семејство и корисник. Во нашата установа е достапен дневен престој во период од 07:00 до 19:00 часот, како и краткорочно сместување од неколку дена, согласно барањата на семејството – идеално решение кога е потребна привремена грижа, опоравување или поддршка.
Дневниот престој се организира во двата објекта, во пријатна и безбедна средина, каде корисниците добиваат целосна медицинска нега и надзор. Во текот на денот се обезбедуваат 5 оброци (3 главни оброци и 2 ужини), внимателно подготвени според нутритивните потреби на корисниците.
Во рамките на престојот, корисниците имаат пристап до:
- Физикална терапија, која вклучува утринска гимнастика и индивидуални третмани
- Редовна медицинска грижа, со давање на таблетарна терапија според препорака од доктор или специјалист
- Социјални активности кои поттикнуваат дружење, комуникација и ментална активност
- Грижа за лична хигиена и секојдневна поддршка во основните активности
Нашиот тим од обучен медицински и негувателски персонал е посветен на тоа да обезбеди достоинствен, активен и исполнет ден за секој корисник. Преку индивидуален пристап, топла атмосфера и професионална грижа, Резиденција Дабески создава чувство на сигурност и припадност – место каде корисниците се чувствуваат како дома, а семејствата се спокојни.
